Софтверско студио

Софтвер што го подобрува секој процес во вашиот бизнис

iBear изработува веб страници, custom софтверски решенија и мобилни апликации во Скопје и низ цела Македонија — решенија кои ја зголемуваат продуктивноста и заработувачката, без разлика дали водите болница, ресторан, услужна фирма или продавница.

20+
години искуство во софтверски развој
30+
апликации испорачани на App Store
2M+
крајни корисници во проекти на кои сме работеле
Ново: AI Automation

Автоматизираме бизнис процеси со вештачка интелигенција

Покрај custom софтвер и апликации, iBear гради AI-базирани автоматизации кои им ја симнуваат рутинската работа од грбот на тимот — обработка на документи, комуникација со клиенти, внатрешно известување и многу повеќе. Резултатот: помалку рачна работа, побрзи процеси и тим фокусиран на она што навистина го носи растот на бизнисот.

Побарај AI консултација
Што правиме

Услуги скроени за вашиот бизнис

Секое решение се гради околу тоа како реално работи вашиот тим — не обратно.

⚙️

Custom софтвер

Внатрешни системи за закажување, евиденција, наплата и известување, направени точно според вашиот работен процес.

🌐

Веб-страни и платформи

Изработка на брзи, модерни веб-страни и клиентски портали во Скопје и Македонија кои остваруваат добар прв впечаток и реално носат нарачки/барања.

📱

Мобилни апликации

iOS апликации со фокус на квалитет и перформанси — искуство изградено низ 30+ апликации на App Store.

🔗

Интеграции и автоматизација

Поврзување на постоечки алатки, автоматизирање рачни задачи и намалување на административното време на вашиот тим.

Примери на решенија

Секој процес може да се дигитализира

Овде се неколку примери на тоа што може да се изработи — секое решение се прилагодува на конкретниот бизнис.

📣

Продукт-презентација и живи известувања

Веб-страни и апликации кои ја претставуваат вашата понуда на впечатлив, модерен начин и автоматски ги известуваат клиентите штом ќе се појави нешто ново — производ, понуда или вест.

🏥

Здравство и ординации

Онлајн закажување термини, дигитален картон на пациент, потсетници и апликација каде пациентите гледаат наод, терапија и следен преглед.

🛍️

Угостителство и малопродажба

Онлајн нарачки, резервации на маси, лојалност програми и едноставна апликација за следење залихи.

🧹

Услужни дејности

Апликација за персонал (на пр. чистачки сервис) каде секој вработен пријавува кога и што завршил, со преглед во реално време за менаџерот.

🎓

Едукација

Платформи за учење, следење на напредок на учениците и комуникација помеѓу наставници и родители.

🏠

Недвижности

Онлајн каталог на имоти со виртуелни тури, закажување разгледувања и следење на потенцијални купувачи преку едноставен CRM.

💇

Фитнес и салони за убавина

Онлајн закажување термини и часови, следење членарини и потсетници за клиентите — за теретани, фризерски и козметички салони.

🚚

Логистика и достава

Апликација за возачи со следење на пратки во реално време и известувања за клиентите штом стигнува нивната нарачка.

Ова се илустративни примери на можни решенија, не завршени проекти на клиенти.

Основач

20+ години градење софтвер што луѓето навистина го користат

iBear е основана од инженер со над 20 години во софтверскиот развој и 14+ години специјализација во iOS. Работено е на апликации со милиони корисници во повеќе земји, како и на финансиски проект каде безбедноста и точноста биле клучни. Ова искуство директно се пренесува во секое решение што го гради iBear — сериозна инженерска дисциплина применета на секојдневни бизнис проблеми.

  • Искуство со апликации со милионска корисничка база во повеќе земји
  • Работено во безбедносно-критично финансиско опкружување (усогласеност со GDPR и регулатива)
  • 30+ апликации лично испорачани на App Store низ социјални мрежи, финансии, малопродажба, едукација и лајфстајл
Како работиме

Јасен процес, без изненадувања

1

Разговор и анализа

Ги слушаме вашите реални проблеми и работни процеси пред да предложиме решение.

2

Дизајн

Изработуваме концепт и изглед на решението, договорен со вас пред развојот да почне.

3

Развој

Градиме во чекори, со редовни демонстрации, за да имате контрола над текот на проектот.

4

Испорака и поддршка

По лансирањето, обезбедуваме поддршка и понатамошни надградби кога ви требаат.

Да разговараме

Имате идеја или проблем што сакате да го решите?

Испратете неколку реченици за вашиот бизнис и потребите — ќе се јавиме со предлог на решение.

Директен контакт

Е-пошта
kiroski.kiril.sk@gmail.com
Телефон
+389 71 233 706
Локација
Скопје, Северна Македонија